Пријава за учество | Македонски павиљон — EXPO 2027 Белград

ЕКСПО 2027 Србија

ПРИЈАВА ЗА
УЧЕСТВО

на ЕКСПО 2027

15 мај – 15 август 2027

Павиљон A7.5

Македонскиот павиљон на  EXPO 2027 во Белград и СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА (ССКМ) објавуваат повик за компании заинтересирани за презентација за време на EXPO 2027 (15. Мај - 15. Август, 2027), како и секторско и интерсекторско вмрежување со компании од целиот свет.

Македонскиот павиљон на ЕКСПО 2027, Белград и Сојузот на Стопански Комори на Македонија отвораат повик за македонски компанни кои се заинтересирани да се претстават пред српската и меѓународната деловна заедница, се вмрежат и остварат нови соработки преку презентација на нивни проивзводи и услуги, организарње на деловни дискусии средби,и учество на ист вид на настани од организрани од страна на други деловни субјекти од светот. Преставувањето на македонските компании е предвидено според тематските недели и  секторите во тие тематски недели.

ТЕМАТСКИ НЕДЕЛИ ДЕЈНОСТИ

Од страна на организаторот ЕКСПО 2027 Белград претсавени се следните тематски недели и дејности

Период Тематски недели Сектори
22 – 29 мај 2027 Play for Resilience Фармација и медицина, спорт, производство, благосостојба, велнес, спа, гостопримство, храна и пијалаци, туризам, технологија
5 – 12 јуни 2027 Play for Sustainable Future Енергија, инвестиции, синџири на снабдување, стандарди, био-производство на вино, одржлива храна, обновливи извори
19 – 26 јуни 2027 Play for Innovators Вештачка интелигенција, електрични возила, хибридни и автономни возила, логистика, ИКТ, хардвер, софтвер, развој на производи, аутсорсинг стартапи, ризичен капитал, инвестиции
3 – 10 јули 2027 Play for Visionaires Дестинации, забава, музичка индустрија, продукција, издавачи, извоз
17 – 24 јули 2027 Play for an Active Society Земјоделство, енергија, текстил, спорт, музика, зајакнување на жените, претприемништво, човечки капитал, фондови
7 – 14 август 2027 Play for Peace Спортски настани, е-отпад, развој на таленти, уметност, занаетчии, трговија

ПРЕДВИДЕН ФОРМАТ НА НАСТАНИ

Формати на настани кои можат да бидат иницирани од страна на македонската деловна заедница,

  • Органзирање на конференции на одредени теми / секторски
  • Иницирање на тркалезни маси  и панел дискусии
  • Организрање на инвестициски денови -  “Road Shows”
  • B2B/G можности за вмрежување
  • Предлог говорници од Македонија за меѓународни панел дискусии
  • Презентација на продукти и услуги од компании

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Краен рок за пријавување на сите компании е

1.09.2026
Преостанато време до крајниот рок
–Денови
–Часови
–Минути
–Секунди
Пријава

Пополнете ја пријавата

Полињата означени со * се задолжителни. По испраќањето, вашите одговори се пакуваат во PDF документ и се испраќаат до организацискиот тим.

A Информации за компанијата
Плански регион
B Лице за контакт
Познавање на англиски јазик
C Дејност / сектор

Изберете една или повеќе дејности што најдобро ја опишуваат вашата компанија:

D Преференции за EXPO 2027
Вид на учество
E Изјави и согласности

Прашања и одговори

Кликнете на прашањето за да го прочитате одговорот.

Имате друго прашање? info@publicroom.org
01Што конкретно ќе им донесе учеството на EXPO 2027 на Македонија и нејзините граѓани?

Една средба во Белград може да ги отвори вратите на македонските производи кон нови пазари.

Токму затоа, учеството на Македонија на EXPO 2027 има значење што ја надминува самата изложба. На едно место ќе се сретнат претставници од различни земји, деловни луѓе и посетители кои ќе имаат можност да се запознаат со она што го нуди нашата земја. Македонскиот павилјон предвидува простор за претставување на македонската економија, разговори за инвестиции и поврзување со потенцијални партнери. За компаниите, тоа е можност да ги претстават своите производи и услуги. За туристичкиот сектор, да го поттикне интересот за посета на Македонија. За нашите креативци, нивната работа да допре до меѓународната публика.

Како сето ова може да се одрази врз граѓаните? Новите деловни соработки можат да ја зголемат побарувачката за домашни производи. Зголемениот туристички интерес може да донесе повеќе работа за хотелите, рестораните, туристичките водичи и локалните производители.

За ваквите резултати е потребна добра подготовка. Важно е да знаеме што претставуваме, со кого сакаме да воспоставиме контакти и како ќе ја продолжиме соработката по завршувањето на изложбата.

Затоа, успехот треба да се мери преку конкретни контакти, договорени активности и реализирани деловни соработки.

Најголемата вредност на EXPO 2027 ќе биде во можностите што ќе успееме да ги претвориме во трајни придобивки за Македонија.

02Што ќе доживеат посетителите во Македонскиот павилјон?

Македонскиот павилјон на EXPO 2027 го носи концептот „Сите ритми на сонцето“. Тој ги поврзува музиката, гастрономијата, виното, гостопримството, природата, активностите, културата и уметноста во една заедничка приказна за Македонија и нејзиниот народ.

Павилјонот А7.5 ќе биде место каде што меѓународните посетители ќе можат да ги запознаат различните страни на Македонија, од нашите автентични вкусови и музички ритми, до туристичките потенцијали и можностите за деловна соработка.

Важно е зад секоја содржина да се препознаваат вистински луѓе, места и производи. Кога посетителот ќе се заинтересира за одредена дестинација, треба да му се овозможи лесно да го направи следниот чекор. Кога ќе запознае некој производ, треба да може да дознае кој го произведува и како да воспостави контакт.

Деталната програма на настани ќе биде објавувана преку официјалните канали на Македонскиот павилјон. Затоа, посетата вреди да се испланира според содржините што предизвикуваат најголем интерес.

За нашите граѓани, ова е можност да видат како Македонија се претставува пред меѓународната публика. За странските посетители, тоа е можност да откријат нови причини да ја посетат Македонија и да воспостават соработка.

Најсилниот впечаток ќе го оставиме кога посетителите ќе излезат од павилјонот со една конкретна желба: „Сакам уште подобро да ја запознаам Македонија!“

03Дали компаниите сè уште можат да се пријават?

Краен рок за пријавување на компаниите беше 1 септември 2026 година. Бидејќи овој датум е поминат, можноста за дополнително пријавување треба официјално да се потврди пред да започнете со планирање на вашето учество.

Доколку дури сега изразувате интерес, подгответе кратко и конкретно барање. Наведете го името на компанијата, секторот во кој работи, лицето за контакт и формата на учество за која сте заинтересирани. Објаснете дали барате нови купувачи, дистрибутери, инвеститори или можност за презентација.

Потоа побарајте официјална информација на мејлот info@publicroom.org дали се прифаќаат дополнителни пријави, дали има слободни термини и каква документација е потребна.

Сè додека не добиете официјален одговор, вашиот изразен интерес не треба да се смета за потврдено учество.

Вреди да се обратите со квалитетен предлог. Јасно претставената понуда ни овозможува полесно да ги процениме можностите за вклучување.

04Колку чини учеството за компаниите?

Учеството на македонските компании во рамките на Македонскиот павилјон на EXPO 2027 е бесплатно во однос на користењето на изложбениот и презентацискиот простор.

Сепак, трошоците за превоз, патување и сместување се на товар на самите учесници. Компаниите треба самостојно да ги испланираат и покријат овие трошоци, како и евентуалните дополнителни трошоци поврзани со нивното претставување.

За винариите се предвидени посебни услови, според кои организаторот го покрива транспортот на виното и поврзаните извозни и увозни процедури, додека винариите ги обезбедуваат договорените количини вино.

Целта е на македонските компании да им се овозможи пристап до меѓународната публика, нови деловни контакти и потенцијални партнери, без дополнителни трошоци.

05Дали е потребно да имате сопствен штанд и да бидете присутни во текот на сите три месеци?

Не. Штандовите ги обезбедува организаторот. Вие не носите штандови. Најпрво треба да одредите што сакате да постигнете со вашето учество. Доколку сте во потрага по дистрибутер, најважни можат да бидат однапред договорените деловни средби. Ако имате производ што треба да се демонстрира, потребен ви е соодветен простор за презентација. Доколку нудите стручни знаења и искуство, проверете ја можноста за учество во панел-дискусија.

Не избирајте ја формата на учество само според големината на презентацискиот простор. Изберете ја според луѓето со кои сакате да се поврзете и начинот на кој најдобро можете да ја претставите вашата понуда.

Подгответе кратка презентација, материјали на јазик разбирлив за меѓународната публика и јасен начин за понатамошна комуникација. Претставникот на вашата компанија треба да биде подготвен да одговори на конкретни прашања за производите, услугите и условите за соработка.

EXPO 2027 трае три месеци, но тоа не значи дека секоја компанија треба да биде присутна во текот на целиот период. Термините и времетраењето на учеството се утврдуваат во координација со нашиот организациски тим, врз основа на претходно направена агенда и според тематските недели.

06Како да дојдете до купувачи, дистрибутери и инвеститори?

Вистинскиот деловен партнер можеби ќе биде токму на EXPO 2027. Но, дали ќе бидете подготвени за средба со него?

Повикот за учество на македонските компании предвидува деловни средби меѓу компании и институции, инвестициски презентации и можности за деловно поврзување. За максимално да ги искористите овие можности, потребно е однапред да одредите со кого сакате да воспоставите соработка.

Купувачите, дистрибутерите и инвеститорите имаат различни интереси. Купувачите се заинтересирани за производот и неговата цена. Дистрибутерите за пазарниот потенцијал, испораката и поддршката. Инвеститорите за деловниот модел, развојот и можностите за раст.

Затоа, подгответе ја вашата понуда според профилот на партнерот со кој сакате да разговарате. Дефинирајте го целниот пазар, видот на соработка што го барате и конкретниот следен чекор што можете да го понудите.

На пример, производствена компанија треба да биде подготвена да ги претстави своите капацитети и рокови за испорака. Компанија што нуди услуги треба да прикаже релевантни примери од својата работа. Со нашиот организациски тим проверете како можете да изразите интерес за деловни средби и на кој начин се потврдуваат термините. Самото учество на изложбата не гарантира дека ќе го запознаете соодветниот деловен партнер.

По средбата, навремено испратете ги договорените информации и продолжете ја комуникацијата додека интересот е сè уште актуелен.

Деловната можност добива вистинска вредност кога двете страни знаат кој е следниот чекор по првата средба.

07Кога е најдобриот термин за учество?

Правилно избраниот термин може значително да ја зголеми вредноста на вашето учество на EXPO 2027.

EXPO 2027 се одржува од 15 мај до 15 август 2027 година. За компаниите особено е важно да ги следат тематските недели, кои ја поврзуваат програмата со конкретни дејности и области на интерес.

Од 5 до 12 јуни фокусот ќе биде на одржливоста, а од 19 до 26 јуни на иновациите. Овие периоди се особено значајни за компаниите од енергетскиот, технолошкиот и другите сродни сектори. Останатите тематски недели погледнете ги во табелата погоре.

Пред да го испланирате вашето пристигнување, проверете го конкретниот настан, можноста за учество и терминот за вашата презентација. Тематските недели претставуваат програмска рамка, но за деловно претставување потребно е да имате потврден распоред.

Посебно внимание заслужува и Националниот ден на Македонија, кој ќе биде можност за истакнато претставување на нашата земја, нејзината култура и потенцијали. Датумот е 20 мај 2027.

Доколку учествувате како компанија, испланирајте доволно време за деловни средби и други релевантни настани. Ако доаѓате како посетител, изберете ги содржините што најмногу одговараат на вашите интереси.

Добрата подготовка подразбира усогласување на вашите цели со соодветните настани и активности.

Најдобриот термин за учество е оној во кој вашата понуда ќе има најголема можност да допре до вистинската публика и потенцијалните партнери.

08Како граѓаните можат да го посетат EXPO 2027?

Сакате да го запознаете светот преку неговите идеи, култури и иновации? EXPO 2027 ви ја носи таа можност во Белград.

Изложбата се одржува од 15 мај до 15 август 2027 година, во изложбениот комплекс во Сурчин, Белград. За граѓаните на Македонија, ова е можност да ги посетат меѓународните павилјони и да го доживеат просторот во кој нашата земја ќе се претстави пред светската публика.

За што подобро да ја испланирате посетата, најпрво изберете ги содржините што ве интересираат. Семејствата можат да организираат заедничка посета, младите да ги следат едукативните и креативните програми, а деловните посетители да присуствуваат на настани поврзани со нивната професионална дејност.

Потоа, проверете ги официјалните информации за влезниците, условите за влез и пристапот до изложбениот комплекс. Цените, можните попусти и специјалните пакети треба да се потврдат пред купувањето.

При планирањето на буџетот, земете ги предвид и трошоците за превоз, пристигнување до комплексот, храна и сместување доколку планирате повеќедневна посета. Ако патувате преку туристичка агенција, проверете што точно е вклучено во понудата.

За посета на Македонскиот павилјон А7.5, следете ја официјалната програма преку нашите официјални канали, особено доколку сакате да присуствувате на одредена презентација, културен настан или друга активност.

Одвојте доволно време за разгледување и однапред изберете неколку содржини што не сакате да ги пропуштите.

Највредното искуство од EXPO 2027 ќе биде можноста да откриете нешто ново, да стекнете знаења и да се вратите дома со поинаква перспектива за светот.

Проект на
Изработено од
Партнер на проектот